Мисајловски: СДСМ не може да не однесе во ЕУ
ВМРО-ДПМНЕ повторно е на терен меѓу граѓаните. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски се обрати пред граѓаните во Чучер Сандево.
„Денеска имаме можност да бидеме во Чучер Сандево да разговараме со граѓаните, да направиме средби и со нашите општински комитети, не само тука, насекаде во Република Македонија и да го слушнеме нивното мислење, односно граѓаните да кажат што точно ги засега од политичката ситуација кои реформи се најмногу потребни за нив и кои проблеми се оние кои што навистина ги засегаат“, кажа Мисајловски.
Тој истакна дека Владата на чело со Зоран Заев не прави апсолутно ништо во никој домен.
„Оваа тендер влада најмногу ја засега како да ги наместат тендерите, како да направат нови фирми за десетина дена да добијат нови тендери, како да ги поделат парите на граѓаните меѓу нив, односно се зацртани како да ја украдат Македонија. Може да видиме дека со нивни едни празни фрази, кои повторно и секојдневно викаат дека се за Европска Унија, но не може да видиме европски принципи. Не можеме да видим морални принципи“, посочи Мисајловски и додаде:
„Овие луѓе не можат да не однесат во Европската Унија и во НАТО. Нас ни требаат темелни реформи, граѓаните тоа го заслужуваа. Затоа ние ќе бидеме постојано со граѓаните ќе го слушнеме нивниот глас и тоа ќе ни биде навигација во наредниот период. Секогаш тоа ни било, но ќе останеме на таа трака. Она што граѓаните најмногу ќе ги засега, тоа ВМРО-ДПМНЕ постојано ќе го работи, ќе го прави. Ние во овој момент ќе правиме и огромна програма за она што навистина граѓаните ги засега и ќе излеземе со решение за граѓаните.
Гледаме дека оваа влада за жал ја тоне Република Македонија на секое поле. Мора оваа влада да си замине што побргу, реформи очекуваат сите граѓани, но за жал може да видиме дека секој ден го допираме дното“, заврши Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа