ВМРО-ДПМНЕ: Димитров врати ги парите за стипендијата на ќерка ти или дај си оставка

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа министерот Димитров да ги врати парите за стипендијата на ќерка му.

Додека учениците немаат книги власта одвојува 40.000 долари за ќерката на Никола Димитров да учи во Холандија.

           Димитров наместо да покаже доблест и да ги врати парите на македонските даночни обврзници мува не го лази, дрско поигрувајќи си со интелегенцијата на граѓаните.

           Додека секојдневно зборува за европски стандарди, на дело манифестира комунистички манири. Доколку Димитров навистина се залага за ЕУ стандарди тој треба да ги врати парите или да си поднесе оставка.

           Граѓаните очекуваат одговорност, а не затскривање.

           Додека Димитрови земаат високи стипендии во Македонија студентите спиеја по дворови на студентски домови затоа што МОН ненавремено ги објави списоците со примени студенти.

           Додека Димитрови земаат 40.000 долари студентите го чекаат на големо најавуваниот студентски град, кој требаше веќе една година да се гради како што ветуваше СДСМ.

           Лажно декларираната ЕУ заложба граѓаните веќе јасно ја гледаат. СДСМ под превезот на ЕУ интеграции, врши непотизам и криминал.

           СДСМ покажа дека нема капацитет да ја води Република Македонија. СДСМ мора да си замине.

 

 

11.09.2018 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега