Младо момче прегазено во Скопје - итно однесено во болница
Во 18.00 часот на улицата „Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген Шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Џ.А. од Скопје, удрило во пешакот Ф.А.(22) од Република Србија, со привремен престој во Скопје.
Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекраска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
11.09.2018 - 10:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа