Тешка несреќа попладнево во Скопје: Маж итно однесен на Клиника
Четириесетгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила денеска во 12:50 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистерски ознаки управувано од 49-годишниот Д.К удрило во пешакот Б.А (40) од Скопје.
Повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош е однесен на Клиничкиот центар каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.
11.09.2018 - 16:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа