Драма на граница: Со своето бебе скриено во торба сакала да премине од Македонија во Грција
За да избегне затворска казна за кражба, 30-годишна Гркинка побегнала во Македонија, каде што се породила, а во понеделникот се обидела на преминот Евзони на грчката страна од границата да ја избегне пасошката контрола и од Македонија во Грција да го внесе нејзиното двомесечно бебе скриено во патничка торба, по што била уапсена, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
- Кога царинските службеници ја спроведоа предвидената процедура, изненадени открија дека во патничка торба носеше бебе на возраст од само два месеца. Контролата, исто така, откри дека за неа е издадена пресуда од судот во Солун, за затворска казна од три години за кражба. Под овие услови полицајците ја уапсија, а бебето беше дадено на нејзини роднини. Најверојатно жената во изминатиот период престојуваше во ПЈРМ, каде што го донесе на свет нејзиното дете, пишува грчката новинска агенција, јави дописничката на МИА од Атина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа