Два автомобили изгореа утринава на паркинг во Скопје
Две патнички возила утринава биле опожарени на паркинг на булеварот „Јане Сандански“ без број, зад ортопедската клиника „Мајчин дом“ во Аеродром.
Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески за МИА изјави дека во пожарот целосно изгорел едниот автомобил, „шкода фелиција“, а делумно бил опожарен „форд фиеста“.
- За пожарот добивме телефонска дојава и интервениравме од 5.08 до 5.55 часот. Во гаснењето на пожарот учествуваа четири пожарникари со едно возило, рече Томески.
Причинета е материјална штета од 300 илјади денари. Полицијата ќе прави увид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа