Уапсени две лица по кои македонската полиција долго трагала: Ќе лежат 12 години затвор

 

Полициски службеници од СВР Куманово од слобода ги лишиле лицата С.М.(45) и С.М.(66), двајцата од селото Руница, општина Липково.

За С.М.(45) билраспишанмеѓународнa потерницa за издржување казна затвор од вкупно 12 години за сторени кривични дела: „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово.

За С.М. (66) била распишана меѓународна потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „убиство во обид“ и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Кшање.

 

 

 

 

14.09.2018 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега