Средношколец прободен со нож на автобуска во Скопје среде бел ден

 

Околу 13.00 часот на автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје 15-годишно момче од село Арачиново, скопско, физички било нападнато од друг малолетник од Арачиново- ученик во државното средно училиште „Зеф Љуш Марку“. 

Додека чекал автобус, 15-годишникот физички бил нападнат и со нож му биле нанесени две убодни рани во пределот на левото рамо и половината.

Повреденото момче било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и задржано на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

14.09.2018 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега