Лорис се враќа на тренинзите за десетина дена
Голманот и капитен на Тотенхем, Иго Лорис нема да настапи на утрешниот натпревар против Ливерпул и најверојатно ќе започне со тренинзите околу 24 септември.
Toj минатиот месец бeше запрен при рутинска полициска контрола и не го поминал тестот за алкохол, a потоа беше приведен. Судот во Лондон во средата поради возење во алкохолизирана состојба му изрече парична казна од 50.000 фунти и му ја одзеде возачката дозвола на 20 месеци.
Во меѓувреме, од Тотенхем соопштија дека Лорис се повредил, но дека не станува збор за сериозна повреда и дека тој повторно ќе почне да тренира за десетина дена.
Лорис во новата сезона досега пропушти два натпревара.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа