Уапсен полицаецот кој синоќа изврши свирепо убиство во Прилеп - нови детали

 

Синоќа околу 02:00 часот полициски службеници од ПС Прилеп и СВР Битола го приведоа 24-годишниот Е.Т. од Битола, полициски службеник, поради основано сомнение дека сторил кривично дело “убиство“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција. 

Имено, вчера, околу 16:30 часот било пријавено дека во село Беловодица- прилепско на патот гори непознато лице. Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело. Утврден е идентитетот на убиениот , станува збор за 36-годишниот А. Б. од Битола, кај кого биле забележани прострелни рани во телото. 

Веднаш се преземени  соодветни мерки и активности  за пронаоѓање на сторителот и околу 02:00 часот приведен е Е.Т., кој во целост го признал делото и го објаснил начинот на кој го извршил. Во текот на денот, Е.Т. ќе биде предаден на Јавното обвинителство- соопшти Ангеловски.

 

 

 

 

15.09.2018 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега