Детали за сообраќајката на патот Струмица-Ново Село: Се судрија трактор и автомобил
Синоќа во19:10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-село Ново Село кај делницата село Босилово-село Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор “ИМТ 533“ со струмички регистерски таблици, управуван од 33-годишниот И.Н. од село Робово и патничко моторно возило “Фиат Уно“ со струмички регистерски таблици, управувано од 55-годишниот Ѓ.Т. од Струмица.
Возачот Ѓ.Т. и сопатничката од истото возило Н.П.(34) се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот се здобил со телесни повреди и укажана им е лекарска помош во Медицинскиот центар во Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа