Енес Ибрахим: Турците се „за“ европска Македонија

 

Во рамките на кампањата за престојниот референдум, Партијата за Движење на Турците (ТХП) одржа митинг во Радовиш. Настанот привлече големо внимание, а на присутните им се обратија Претседателот на ТХП, пратеникот Енес Ибрахим, како и потпретседателот на СДСМ, Благој Бочварски.

Ибрахим во своето излагање истакна дека Турците во Македонија во сите историски моменти биле конструктивни, правејќи вистински и државотворни чекори. Ибрахим не се сомнева дека истото ќе се случи и на 30-ти септември, затоа што единствената насока за светла иднина се токму евроинтеграциските процеси. Според Ибрахим влезот во НАТО и ЕУ значително ќе влијае во подобрувањето на социо-економските состојби во Македонија, а граѓаните ќе ги уживаат еднаквите права и можности како и сите европјани.

Караванот на ТХП и во следниот период ќе продолжи низ цела Македонија и активно ќе ги информира Турците во Македонија за важноста на 30-ти септември, повикувајќи ги масовно да земаат учество во референдумот.

 

 

 

16.09.2018 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега