Внимавајте периодов: Ова е најчестата измама на која паднаа многу скопјани
Во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, 62-годишниот М.Б. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.30 часот на улица „Јужно Моравски Бригади“, во неговиот дом дошло непознато лице и му понудило огревни дрва за сума од 4.000 денари.
Заедно тргнале до пазарот во населабата Ченто да ги види дрвата, но откако пристигнале на пазарот лицето му кажало да продолжи кон стадионот и дека тој ќе дојде по друг пат до таму.
После тоа, лицето се вратило во домот на оштетениот и од неговата сопруга ги побарал парите под изговор дека дрвата ќе ги донесе подоцна.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа