Клековски: ВМРО-ДПМНЕ имаше луѓе кои доаѓаа од УСАИД, Светска банка, нелогично е да се тврди дека е проруска партија
ВМРО-ДПМНЕ секогаш имал прозападна ориентација. Да се префрла целата одговорност на ВМРО и да се говори дека е проруска партија создава контраефект кај граѓаните, кажа аналитичарот Владимир Божиновски гостувајќи во емисијата Топ тема на ваша страна на телевизија Телма.
Божиновски посочи дека влијанието на Русија во Македонија генерално е непостоечко или го нема.
Смешно е да се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ нема прозападна ориентација.
-Владата на ВМРО-ДПМНЕ имаше луѓе на челни позиции кои доаѓаа од УСАИД, Светска банка, имаше докторанд од Германија, нелогично е да тврдите дека е проруска партија, рече аналитичарот Сашо Клековски гостувајќи на истата емисија на телевизија Телма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа