Вечерва тешка сообраќајка во Скопје - Баба и 3 годишно дете се борат за живот
Тешка сообраќајка се случи вечерва на булевар Србија во населбата Ново Лисиче во Скопје. Пикап со велешки таблички удрил во баба и тригодишно дете кои оделе пешки, јави Сител.
По несреќата бабата и детето веднаш се пренесени во Ургентниот центар каде лекарите се борат за нивниот живот
Веројатно во обид да го избегне ударот пикапот завршил во дрво кое се наоѓа во средина меѓу двете насоки на булеварот. Од силниот удар дрвото беше преполовено на половина.
.
18.09.2018 - 00:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа