Вардар подготвени да се потат против Барселона

По пауза од три сезони македонскиот ракометен шампион повторно ќе згази по терените од елитното европско натпреварување Лигата на шампиони. Црвено-црните на стартот ќе ги измерат силите со вицепрвакот Барселона во чиј состав настапува токму и нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров. 

- Барселона е врвна екипа со голема традиција. На квалитетниот состав кој го имаа лани донесоа уште две големи имиња како Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ. Наша основна задача ќе биде да имаме цврста одбрана и да бидеме дисциплинирани во нападот и секако да дадеме 100% и да пружиме достоен отпор. Очекувам и публиката да биде наш осми играч,  истакна тренерот на Вардар, Зоран Кастратовиќ.

Посебен шмек на овој меч ќе му даде и двобојот меѓу двајцата браќа Кирил Лазаров и Филип Лазаров. Досега и двајцата се соочиле неколку пати во унгарската лига, па оттука си ги знаат силите и своите можности. 

- Барселона е квалитетен тим. Ние нема што да загубиме на овој натпревар, но мора да се потрудиме да ја играме нашата игра и да го дадеме максимумот, изјави Филип Лазаров.

На денешниот прес беше промовирано новото голманско име кој воедно е и повратник во клубот репрезентативецот Петар Ангелов. 

Дуелот Вардар – Барселона се игра  во СЦ „Борис Трајковски“ почнува во 18:15 часот, а според информациите од клубот влезниците за натпреварот веќе се распродадени.

Вториот македонски претставник во групата Ц Металург натпреварот од првото коло го игра во Берн против швајцарскиот првак Вакер Тун исто така утре со почеток вво 16.30 часот.

20.09.2013 - 13:55
Фото: 
екипа.мк

најчитано сега