Несреќа во Македонија: Маж падна во дупка - пожарникари едвај го извлекле
Средовечен кавадарчанец синоќа околу 22 часот паднал во дупка во кавадаречкото село Марена, а поради тешка скршеница утринава бил препратен на оперативно лекување во Скопје.
Ова за МИА го потврди хирургот Дано Кулев од Општата болница Кавадарци.
- Се работи за тешка скршеница на лева натколеница со изместување. Пациентот беше видно вознемирен. Тој доби соодветен медицински третман во болницата. Му направивме рентген и лабораториски испитувања. Беше стабилизиран, имобилизиран и со инфузиона терапија. Утринава го препративме на операција во Клиниката за трауматологија во Скопје, појасни Кулев.
По паѓањето на кавадарчанецот во поголемата дупка, на местото биле повикани противпожарната и итната медицинска помош, кои помогнале да биде изваден повредениот човек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа