Скопјанец претепал професор кој му ги избркал синот од час
Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 13 часот 40-годишниот М.Н. пријавил дека истиот ден околу 11:00 часот во средното училиште „Методија Митевски-Брицо“ повеќе пати предупредил ученик дека го нарушувал часот со неговото однесување и од страна на М.Н. бил отстранет од час. По завршување на часот М.Н. му укажал во иднина да не влегува на час ако планира да ја нарушува наставата, а ученикот почнал вербално да се заканува по што од страна на обезбедувањето ученикот бил отстранет од училиштето. Во 12:10 часот во училишниот двор пријавителот го забележал родителот на ученикот кој го повикал да зборуваат и откако му било укажано на истиот дека неговиот син бил проблематичен физички го нападнал М.Н.. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа