Апсење синоќа во Мала Речица

 

 

Синоќа во околу 01:40 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, го лишиле од слобода 42-годишниот Ш.Р. од Мала Речица. 

 При преглед на Ш.Р, кој бил со патничко моторно возило „Фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во џеб пронајдени му  се две пакувања со кокаин, кои се одземени за вештачење. Лицето е задржано во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. По целосното расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

18.09.2018 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега