Хаос во Тетово: Влегле во туѓ двор и се тепале со даски и палки

 

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Л.С.(21), А.Р.(20), М.С.(20), А.С.(20) и М.А.(21), сите од село Пршовце, тетовско за сторено кривично дело “насилство“.

На 13 јули годинава околу 03,20 часот во Тетово пред маркет на улица “Борис Кидрич“, пријавените, се упатиле кон Д.П.(26) и Б.Д.(19), двајцата од Тетово, кои биле со нивните другари, по што Д.П. и Б.Д. избегале кон улица „Љ.убо Божиновски Пиш“, каде влегле во двор од непозната куќа.

При тоа, пристигнале и пријавените, кои со безбол палки и дрвени даски, физички ги нападнале истите.

 

 

 

18.09.2018 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега