Покрената иницијатива за изгласување недоверба на бугарската влада
Претседателот на опозициската конзервативна партија - Граѓани за европски развој на Бугарија на Бојко Борисов, покрена иницијатива за изгласување недоверба на бугарската Влада.
Владата на премиерот Пламен Орешарски, во која партиципираат Бугарската социјалистича партија (БСП) и партијата на бугарските Турци - Движењето за права и слободи (ДПС), веќе три месеци се соочува со антивладини протести.
Станува збор за прв предлог за изгласување недоверба на владата на технократскиот премиер Пламен Орешарски, во која партиципираат Бугарската социјалистича партија (БСП) и партијата на бугарските Турци - Движењето за права и слободи (ДПС).
Бугарските конзервативци како образложение за ваквото барање го наведуваат бавното планирање на инвестициите, кое го оценуваат како спречување на важни проекти и тендери и предизвикување штета врз целиот сектор.