Судир меѓу автомобил и комбе со ученици во тетовско - 10 лица повредени

 

 На регионалниот пат Тетово – село Пирок во село Горно Палчиште се случила тешка сообраќајна несреќа во која 10 лица се здобиле со повреди, информираат од МВР.

Сообраќајната несреќа се случила меѓу  патничко моторно возило „Мицубиши Пајеро“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 36-годишниот Н.А од село Селце Кеч, тетовско и патничко моторно возило „Форд Транзит“ исто така со тетовски регистарски ознаки управувано од 39-годишниот З.М. од село Боговиње, тетовско, во кое се превезувале ученици од село Боговиње. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.А., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Тетово, а по укажаната лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Со телесни повреди се здобиле и З.М. и осум патници од возилото "Форд Транзит".

Од страна на полицијата извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

19.09.2018 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега