Искршени стакла на општинската канцеларија на СДСМ во Прилеп
Искршени се стакла во општинската канцеларија на политичката партија СДСМ во Прилеп, информираат од МВР.
Имено, вчера во 08.30 часот на улица „Орде Чопела“ во Прилеп, пријавено е оштетување на општинска канцеларија при што се скршени две стакла.
Полицијата ги презема потребните мерки за расчистување на случајот.
19.09.2018 - 13:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа