Утрово демолирани штабовите на СДСМ во Прилеп

 

Два штаба на СДСМ  во Прилеп утрово биле демолирани од се уште непознато лице. Како што јавува МВР, првиот случај е пријавен утрово во 8:30 кога со камен биле скршени две стакла на штабот на партијата на улицата Орде Чопела.

Еден час подоцна во полиција е пријавено дека со камен е скршено и едно стакло на штабот на партијата во населбата Точила.
Од МВР ги потврдуваат информациите и велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

19.09.2018 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега