Силен удар за Франкфурт мафијата - во „Диригент“ паднаа 500 лица
Франкфурт мафијата на колена. Третото продолжение на заедничката акција Диригент на македонската и германската полиција е голем удар за оваа нарко организација, која функционира повеќе од десет години.
Службите за борба против трговијата со дрога, во Скопје и во Берлин, за четири години, колку што ја спроведуваат акцијата, привеле 500 лица, најголем дел македонски државјани, заплениле големо количество дрога и пари.
Последното трето продолжение од Диригент е реализирао од септември минатата до септември оваа година.
Во текот на меѓународната операција биле идентификувани три криминални групи. Сите составени од македонски државјани, во кои ораганизаторите на овие криминални групи престојувале во Македонија каде ги регрутирале и обучувале членовите и контолирале уличните дилери во Франкфурт и околината.
Во заедничката истрага биле опфатени 62 лица од кои 44 во Германија и 18 во Македонија. Од лицата приведени во Германија, 26-мина се македонски државјани.
Трите групи фукнционирале по ист метод. Првата ја организирале лица од Велес, втората од Свети Николе, а третата лица од Велес и Скопје. Парите од нелегалната тргвоија со дрога, групата ги перела преку нивни фирми во Македонија.