Обид за убиство во Куманово
Кумановец се здобил со расекотини на лицето и раката, откако бил нападнат од страна на друго лице со ноќ, информира полицијата.
Имено, Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 60-годишниот Р.М.од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Како што стои во соопштението, на 15.09.2018 година околу 15:00 часот во Куманово на улицата „Бранко Богдановски-Гуцман“ пријавениот со употреба на нож му нанел расекотини на 45-годишниот С.С. од Куманово, во пределот на лицето и раката, по што се дал во бегство.
21.09.2018 - 14:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа