Филмска бркотница во Скопје: Му го украле возилото па се забиле во бетонски столб
Среде бел ден во 15 часот во Скопје на булеварот „8-ми Септември“ во близина на крстосницата со булеварот „Илинден“, додека 19-годишниот С.С. од Скопје, управувал патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко моторно возило ,,Даеву рејсер“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегле И.С. (19), Ш.С. (27) и М.С. (21), сите од селото Љубин, кои најверојатно поради нерасчистени должничко доверителни односи физички го нападнале момчето, а потоа му го одзеле возилото и избегале.
С.С. се упатил во Болницата „8-ми Септември“ каде му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување.
Двајца од напаѓачите, бегајќи од лице место со возилото „Даеву“ движејќи се со голема брзина во селото Сарај, удриле во патничко моторно возило „Волксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, при што сопатник во возилото ,,Даеву рејсер“ и возачот се здобиле со повреди.
На неколку метри од местото на незгодата патничко моторно возило ,,Пежо“ управувано од третиот напаѓач И.С(19) удрило во бетонски ѕид.
Од страна на полициски службеници лишени се од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа