Од дуќан украдени 8.000 евра - македонската полиција ги бара крадците

 

Во текот на вчерашниот ден во 07:20 часот телефонски во Полициската станица -Виница, 32-годишниот Г.М. пријавил дека на 20/21.09.2018 година во времето од 20,30 до 07,20 часот, непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за бела техника и санитарија, лоцирана во приземниот дел во зграда во Виница, сопственост на 62-годишниот С.М од Виница.

Од фиока од работно биро одземени се 1.651 денари, а потоа од канцеларијата одземен е метален сеф (во кој имало 6.910 евра и 49.651 денари).Истиот ден, во 17,45 часот телефонски во ПС-Виница, Н.Т. од Виница , пријавил дека во атар на с.Виничка Кршла пронашол метален сеф со видливи оштетувања од насилно отварање во пределот на бравата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

22.09.2018 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега