Им впериле пиштол на вработените во бензинска - македонската полиција ги уапси
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.М. (24) од струшкото село Велешта и П.О. (27) од Либражд - Република Албанија.
Пријавените, како што соопшти СВР Охрид, казненото дело го сториле на 3 август годинава во 3 часот и 45 минути на бензиска пумпа во близина на Велешта.
- Тие влегле во објектот и со вперен пиштол кон вработените ги побарале парите од прометот, по што извршиле пребарување во фиоките. Притоа, противправно одзеле 23.563 денари и жетони во износ од 2.940 денари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа