Трагедија во Македонија: Удрил во пешак па во возило, починал на лице место
Трагедија ја потресе Македонија кога во сообраќајка едно лице почина на лице место. Во 18,30 часот било пријавено дека во Охрид, на крстосницата од улицата „Абаз Емин“ со улицата „Железничка“ моторцикл „Јамаха“ со битолски регистерски таблици, управуван од 36-годишниот С.И. од Охрид, удрил во пешак.
Се работи за 52-годишниот Р.С. од Охрид, а потоа возилото удрило и во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управуван од 58-годишниот Ф.Б. од Охрид.
Во незгодата на самото место починал С.И., а со тешки телесни повреди се здобил пешакот Р.С. кој бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа