Драма за скопјанка - свршеникот ја претепал

 

Во 19,10 часот вчера во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница “ Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена повредена С.П. од Скопје која била физички нападната од нејзиниот свршеник С.Ф.

Имено истиот ден околу 11,00 часот С.П. отишла во домот на нејзиниот свршеник по што настанала расправија и тој физички ја нападнал. Околу 18,40 часот истата со такси возило заминала во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и била констатирана тешка телесна повреда и била задржана на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

24.09.2018 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега