Летале чаши - инцидент во локал во скопско

 

Четириесет минути по полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во скопското село Кучково во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу повеќе лица. 

Имено, на една од масите во објектот лицата кои седеле, започнале да кршат чаши и шишиња и на вработените им кажале дека ќе ја подмират штетата што ќе ја направеле. На тоа реагирал сопственикот А.Т. од Скопје кој им кажал дека работното време завршува за 20 минути и дека треба да ја подмират сметката и да го напуштат објектот.

Тогаш лицата започнале најпрво со чаши и пепелници да фрлаат кон А.Т. а потоа и физички го нападнале. Потоа дошле В.М.(21), М.К.(20), П.М.(29) и В.А.(26) сите од Скопје, но веднаш лицата започнале и кон нив  да фрлаат шишиња и други предмети, а потоа и физички ги нападнале, по што го напуштиле местото на настанот.

Нападнатите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

По преземени мерки и активности, околу 02,15 часот пронајдени и приведени во Полициската станица Ѓорче Петров биле лицата: М.М.(26) од с.Кисела Јабука, Д.Б.(22) од с.Волково, И.Ј.(41), С.К.(30) М.З.(34) и Н.С.(20) сите од с.Кисела Јабука.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

 

 

 

24.09.2018 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега