Кирацоски: Недела не е ден за седење дома, недела е ден за носење историска одлука
Во недела се соочуваме со историска одлука. Сите подеднакво одлучуваме за нашата иднина и сите сме исправени пред предизвикот и избор дали да одлучиме за изолацијата од минатото или за напредокот од иднината, кажа Александар Кирацовски, пратеник во Собранието на Република Македонија, и дел од Коалицијата ЗА европска Македонија при посетата на општина Новаци и општина Битола.
„Како генерација имаме обврска да и помогнеме на нашата Македонија да тргне напред, ова е одлука на нашата генерација. Клучен чекор за тоа е референдумот во недела. Во недела, секој глас ЗА носи подобра иднина на нашите деца“, кажа Кирацоски и додаде:
„Што и да направите во недела трајно ќе влијае врз иднината на нашиот живот и врз иднината на државата. Што и да направиме во недела, трајно ќе влијае врз иднината на нашите деца врз идните генерации.
Иднината на нашите деца е во нашите раце и во нашиот глас.
Недела не е ден за седење дома, недела е ден во кој се носи историска одлука.
Недела е ден за гласање и затоа сите заедно одлучно и достоинствено да гласаме ЗА интеграција и напредок, да гласаме ЗА подобра иднина за нас и за идните генерациите.
Во недела сите заедно да излеземе и да гласаме ЗА европска Македонија“, кажа Кирацоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа