Охрид: Немал ниту основно образование, па со фалсификувана диплома се вработил во Основен суд

 

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишниот Н.Ѓ. од село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,повреда на права од работен однос” и продолжено кривично дело ,,фалсификување исправа”  и „ поттикнување“.

Пријавениот, кој немал завршено основно образование, со цел обезбедување на документи за вработување на работно место со повисока стручна спрема, поттикнал непознато лице да му набави фалсификува исправа. Откако лицето му набавило фалсификувана албанска диплома за завршено средно образование, ја употребил на конкурс за вработување објавен во 2014 година, врз основа на кој се вработил во Основен суд Охрид на работно место „судски правен референт“ со надомест на плата од 16.000 денари.  

 

 

 

27.09.2018 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега