Маж нападнат во Скопје додека делел програма за референдумот
Маж бил нападнат додека делел програма за референдумот во Скопје, информираат од полиција.
Во Секторот за внатрешни работи вчера во 19 часот, 37-годишниотСкопје, А.З. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18:30 часот на улица „Палмиро Тољати“, додека делел програма за референдумот, бил физички нападнат од 54-годишниот В.М. од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
27.09.2018 - 14:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа