Експлозија попладнево во РЕК Битола
Експлозија се случила попладнево во РЕК Битола и во моментов целосно е излезен од функција вториот блок на централата, јавува Економски Лидер.
Според информациите што ги објави Лидер експлозијата се случила на 6 киловолтна склопка од напојна пумпа. Засега нема информации за повредени или жртви, а е настаната огромна материјална штета.
Како што пишува Лидер специфично за инцидентот е тоа што токму оваа склопка неодамна била ремонтирана за што била платена исклучиво висока цена.
28.09.2018 - 18:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа