ОЈО: Телата на убиените предадени на обдукција - од „Рузвелтова“ подигнати 25 чаури

 

Скопското Основно јавно обвинителство излезе со соопштение по синоќешната престрелка на улицата „Франклин Рузвелт“ во која животот го загубија две лица, а 19-годишно момче се бори за својот живот.

Од Обвинителството информираат дека по насоки од дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, екипи на СВР Скопје, крим-техника и на Одделот за крвни деликти при МВР извршија увид на лице место на улица „Рузвелтова”.

-Трите лица се превезувале со возило „Сеат алтеа“ кога врз нив бил отворен оган од возило во движење, кое веднаш го напуштило местото. Возачот на автомобилот Сеат, 44-годишниот Н.А., како и неговиот сопатник 49-годишниот А.П. им подлегнале на повредите во болница, додека 19-годишниот Ф.Е. и натаму е во критична состојба. По наредба на јавен обвинител, телата на двете починати лица се предадени на обдукција на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија. Возилото во кое се превезувале е подигнато за вештачење, соопштуваат од ОЈО.

Во соопштението се наведува и дека на лице место биле подигнати 25 чаури, траги од крв, облека од убиените и од повреденото лице и други докази кои со наредба на јавен обвинител ќе бидат предадени на вештачење.

 

 

 

29.09.2018 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега