Детали за пожарот во Арачиново, пожарникарите уште се борат со пламените јазици

 

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера вечерта околу 21 часот избувнал пожар во село Арачиново, на местото вика „Шамак“.

Во полицискиот билтен е наведено дека пожарот зафатил површина посеана со пченка.

-Пожарот се уште не е локализиран, а нивите се на повеќе сопственици. На местото на настанот се екипи на Бригадата за противпожарна заштита, како и екипи на полицијата, информираат од МВР.

 

 

 

29.09.2018 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега