Два нови напади од улични кучиња во Скопје
Две лица биле нападнати вчера во Скопје од улични кучиња, на различни локации.
Првиот напад се случил вчера на улица „Рајко Жинзифов“. Имено 21-годишниот К.К. пријавил дека во 08:40 часот бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.
Подоцна во 15:20 часот во Полициската станица Kарпош, 18-годишната А.Д. од Скопје пријавила дека истиот ден во 07.20 часот на булевар „Партизански одреди“ била нападната и касната од куче скитник на левата потколеница.
29.09.2018 - 14:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа