Инцидент пред референдумот во кафуле во Скопје: Го тепал додека не се онесвестил

 

Во 13.30 часот во Полициска станица Центар вчера 44-годишниот И.Е. од Скопје пријавил дека 15 минути по полноќ во кафе бар во Скопје додека бил со негов пријател му се прибилижил  33-годишниот Ј.Л. од Скопје со кој се познаваат од претходно и му упатил вербални закани во врска со гласањето на референдумот.

Во еден момент го удрил со тупаница, по што пријавителот за кратко паднал во безсознание.

Преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и против Ј.Л. е поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

30.09.2018 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега