ВМРО-ДПМНЕ собира потписи за анкетна Комисија во Собранието

 

На денешната координација на пратеничката група со лидерт Христијан Мицкоки, договорено е пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ собира потписи за формирање на анкетна Комисија во Собранието која, како што велат, треба да ги разреши инцидентите и нерегуларностите на Референдумот, дознава ТВ24.

На состоанокот се зборувало и за евентуални предвремени Парламентарни избори, но и за позициите на дел од пратениците, дека со ваков резултат од Референдумот нема да гласаат за уставни измени, пренесува ТВ24 од извори од состанокот.

Формирање анкетна Комисија за Референдумот, оставка на Јавниот обвинител и формирање Пржинска влада се условите кои ги постави лидерот Мицкоски за да може да се оди на предвремени Парламентарни избори. За овие теми вечерва ќе се дискутира на Извршниот, а утре и Централниот комитет.

 

 

 

03.10.2018 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега