СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ приоритет е амнестијата за Груевски

 

За раководството на ВМРО-ДПМНЕ приоритет е амнестијата за Груевски наместо иднината на граѓаните, амнестија нема да има!

Нелогичните барања за избор на јавен обвинител по предлог на опозицијата од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште еден јалов обид да се издејствува амнестија за Никола Груевски.

Граѓаните и институциите спроведоа мирен, демократски референдумски ден на којшто граѓаните одлучуваа слободно, без притисоци и по сопствено убедување.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кадешто денот на референдумот беше оценет како мирен, спокоен и добро организиран, со мирна кампања и постапки што се воделе непристрасно.

Во клучен период за иднината, раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не се грижи за интересите на државата и нејзините граѓани, туку останува заробена во деструктивната матрица, целосно посветена на одбрана на криминалот. На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски поважна им е иднината на Груевски, отколку иднината на граѓаните кои се за иднина во ЕУ и НАТО.

Амнестија нема да има.

Наместо да биде фокусирана амнестија, раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитува јасно изразената волја на граѓаните на референдум и да ги повика пратениците да се вкчучат во процесите што обезбедуваат целосна интеграција во ЕУ и НАТО.

Само на тој начин Мицкоски може да потврди дека е за членство во ЕУ и НАТО.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

 

 

 

03.10.2018 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега