Во понеделник ќе се знае дали ќе се активира условната казна за градоначалникот на Ново Село
Одлуката на кривичниот совет на струмичкиот суд за тоа дали ќе се активира условната казна за градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, кој деновиве е актуелна тема, ќе се знае во понеделник, објави Телма. Според инфорациите од судот, кривичниот совет заседавал по барање на струмичкото јавно обвинителство, но одлуката ќе се соопшти на почетокот од следната работна недела
Стојчев е осуден пред три години за кривичното дело проневера во службата од 2010 година, со условна казна од четири години, односно затворска казна од две години доколку го повтори делото.
Боро Стојчев летоволетово беше упасен во обид за шверц на цигари преку македонско-бугарската граница, заедно со сопругата, синот и внукот. Основниот суд во Струмица го осуди на 18 месеци затворска казна, но со одлука на штипска апелација казната му е намалена на шест месеци.
Доколку кривичниот совет одлучи да му се активира условната казна во Ново Село ќе треба да се одржат нови локални избори, во спротивно, Стојчев се враќа на функцијата во првите денови од 2019 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа