Полиција врши претрес во домот на режисерот Јани Бојаџи
Утринава полицијата упаднала во домот на македонскиот режисер Јани Бојаџи во Струмица, јавува Лидер.
Како што пишува Лидер семејната куќа на Јани Бојаџи утринава била посетена од полициски сили, кои вршат претрес и го бараат него.
Бојаџи живее во Скопје, но откако неговиот татко го известил за упадот, се упатил кон Струмица и во моментов патувал за да види за што се работи.
Пред два дена Бојаџи на Фејсбук објави за притисокот од власта и обидите за цензура преку забрана на кино салите да го прикажуваат филмот.
05.10.2018 - 12:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа