Повеќе од еден тон нафта украдени од товарни возила во Кавадарци и Росоман
Повеќе од еден тон нафта се украдени од товарни возила и градежни машини во Кавадарци и Росоман, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
- Вчера во Полициската станица во Кавадарци се пријавени кражби на гориво од седум товарни моторни возила и неколку градежни машини паркирани на улиците „Северен булевар“, „Западен булевар“ и „Видое Смилевски – Бато“ во Кавадарци и во Росоман, појасни Додевски.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
05.10.2018 - 13:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа