Со фалц пасош се обидел да излезе од скопскиот аеродром
Македонската полиција во текот на вчерашниот ден лиши од слобода едно лице кое на меѓународниот аеродром „Скопје“ се пријавило да излезе од земјава, а се работи за 33-годишниот Хрват Л.В. кој се пријавил да патува, а по извршените проверки било утврдено дека истиот влегол во Македонија на 11.09.2018 година со фалсификувана патна исправа.
Тој на полицајците им рекол дека ја добил од лице од Истанбул.
Се работи на расчистување на случајот.
06.10.2018 - 11:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа