Внимавајте: Измамници демнат пред банките во Скопје, не паѓајте на оваа измама

 

Во 14.30 часот вчера во Полициска станица Гази Баба, се јавил 85-годишниот Љ.М. од Скопје пријавил дека околу 09.15 часот на улица "Маџари" од страна на непознат сторител извршена му е измама, со што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 18.300 денари.

Измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако пријавителот ја подигнал пензијата од банка тргнал кон пазарот при што сторителот го застанал и му рекол дека е направена грешка во банката, по што тргнале назад. На семафорите сторителот му рекол да почека тука, бидејќи бил стар тој ќе одел да заврши работа со парите и ќе се врател, по што не се вратил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

06.10.2018 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега