Со искинати страници од пасошот се обидел да ги надмудри цариниците на Табановце
Во 15,30 часот вчера на Граничен премин "Табановце", на излез од РМ, со патничко моторно возило „Мерцедес” со албанска национална ознака се пријавил 43-годишниот Д.Ш.од Албанија со албанска патна исправа.
По извршена контрола од страна на полициски службеници е забележано дека недостасуваат страници од патната исправа на лицето.
Д.Ш. е задржан и предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка.
07.10.2018 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа