Драма во Македонија: Го претепале со лопата
Вчера во 23,20 часот во Градско, Велес, во населба Стопанство на улица „8-ми Септември“ по претходна расправија помеѓу М.П. и Ш.Ф., Ш.Ф. влегол во дворот од куќата на М.П. и со лопата го удрил во пределот на главата и телото, а потоа со истата почнал да удира и по неговото возило.
На М.П. му е укажана лекарска помош во Општа болница Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
07.10.2018 - 11:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа