Скопјанка преживеала вистински хорор: Поранешното момче ја малтретирало со часови

 

Завчера скопјанка преживеала вистински хорор кој и го приредил поранешниот љубовник. 20-годишната Ѓ.И. од Скопје, во текот на вчерашниот ден пријавила дека завчера околу 20 часот, додека таа седела во дворот на основното училиште „Кочо Рацин“ во селото Катланово, дошол М.М. со возило марка „БМВ“ , кој инаку е нејзинот поранешно момче и насилно ја внел во возилото.

Двајцата со возилото се упатиле кон место во селото каде се ископувало јаглен. Откако ја однел таму, бесниот скопјанец физички ја западнал поранешната девојка, а откако по долгото малтретирање  таа успеала некако да излезе од возилото, тој ја фатил и со камен ја удрил по глава по што продолжил да ја малтретира.

Потоа, бесното момче ја внело девојката во возилото и откако почнало да се разденува ја вратил во селото Катланово, притоа заканувајќи и се да не го пријавува случајот.

Полицијата трага по сторителот.

21.09.2013 - 13:32

најчитано сега